Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација издвојува победа на последниот тест со Зеленортските Острови пред настапот на Светското првенство кое се игра во три држави Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашата селекција издвојува минимален триумф од 27:26 во дуелот на кој противникот имаше водство на полувреме од 15:14. Ова за избраниците на Кире Лазаров беше четврто славје во овој период, претходно беа надиграни Нови Београд, Динамо Панчево и Сесвете, додека пак загубивме од Хрватска и Србија.

Македонија во среда го започнува настапот на мундијалот и тоа со пресметката со Унгарија во Вараждин во вечерниот термин од 20:30 часот.

Во нашата група се уште селекциите на Гвинеја и Холандија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни