Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонија со офанзивен состав до посакувана заверка на првото место во групата

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја има фаворитската улога на дуелот со Летонија од Лигата на нации, а селекторот Благоја Милевски го објави почетниот состав за дуелот во Скопје.

На голот очекувано е Димитриевски, пред него стоперите Серафимов и Зајков, додека на бековските позиции се Димоски и Алиоски.

Барди и Алими се во средниот ред заедно со Елмас и Чурлинов, додека Трајковски и Миовски се последните двајца во составот и играчи кои ќе бидат најофанзивни против Летонците.

Македонија досега има три победи и реми и е на врвот на групата во Лигата на нации, а победа против Летонија ќе биде потврда за првото место до крајот на групната фаза.

Натпреварот започнува во 20:45 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни