Одбојка
Македонија со максимални 3:0 ја преслуша Босна во втората пресметка и стигна чекор поблиску до ново ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација на најдобар можен начин се рехабилитираше од вчершаниот пораз од Турција, такашто вечерва оствари максимална победа против Босна и Херцеговина која немаше што да бара на денешниот меч против расположениот домаќин.
Избраниците на Матијашевиќ крајно сериозно си ја сфатија работата од самиот старт, па за разлика од воведниот меч на турнирот во Скопје, денеска не му дозволија на противникот да освои ниту еден сет, што секако беше главна цел со оглед на сет количникот кој ќе биде многу важен по последниот меч со Турција кој го играме в сабота.
Македонија го доби воведниот сет со 25:20, одлично продолжи и во вториот и поведе со пет разлика, но потоа имаше пад и се доведе во ситуацја овој дел од играта да се решава на разлика.
Сепак, популарните „спартанци“ ја материјализираа втората сет топка и поведоа со 2:0 (26:24), а потоа третиот сет беше вистинска рутина од почетокот до самиот крај.
Босанеците беа деморализирани откако ниту 13 поени на Османовиќ во вториот сет не се покажаа како доволни да израмнат, па македонските одбојкари добија доста подароци во третиот сет и лесно стигнаа до 25:13 за максимални 3:0.
Најефикасни одбојкари на теренот беа Љафтов и Османовиќ со по 21 поен, додека македонскиот капитен Никола Ѓоргиев го заврши мечот со 15 реализации. Македонија на овој начин ја оствари првата зацртана цел и стигна до втората победа против Босна, па во пресрет на последниот меч со Турција, влегува со изгледни шанси за втор пласман на едно Европско првенство.

- Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- НБАпред 22 часа
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Францијапред 22 часа
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Италијапред 23 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Светпред 20 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Шпанијапред 21 час
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Шпанијапред 20 часа
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат
- Формула 1пред 23 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата