Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонија со фуриозни 30 минути го декласираше Гибралтар во Скопје

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација брзо се рехабилитираше од непријатниот пораз од Грузија, а ова попладне не можеше да посака подобро сценарио од она против селекцијата на Гибралтар.

Островската земја немаше што да бара против расположените играчи на Благоја Милевски, кои разлутени од изданието пред три дена, денеска започнаа фуриозно и имаа извонредни 30 минути.

Половина час беше доволен за комплетно да се скрши отпорот на Гибралтар, кој денеска во Скопје прими четири гола, но можеше уште најмалку толку.

Македонија можеше да му нанесе вистински дебакл на гостинот, но сепак се задоволи со четирите гола во првите 30 минути, период во кој еден гол постигна Барди, два Миовски и еден Чурлинов.

Голеадата беше најавена со фантастичниот гол на Барди од слободен удар, капитенот потоа асистираше до Миовски за 2:0, напаѓачот брзо погоди и за 3:0 во 16-та минута, а потоа во 30-та по извонредна акција на Барди реализираше и Чурлинов.

Македонија можеше да постигне уште неколку гола, но погодокот на Чурлинов беше последен на мечот и нашата селекција ја запиша втората победа со резултат 4:0. Интересно, добра вест добивме и од Тбилиси, каде Грузија ремизираше со Бугарија 0:0, па сега остануваме со математички шанси за прво место во нашата група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни