Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија со достоен отпор за Црна Гора

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Македонија и пружи достоен отпор на посилната Црна Гора на првиот натпревар од ЕХФ Еуро Купот.

Фаворизираниот противник, и покрај солидната партија на избраничките на Љупчо Савевски славеше со 29:21.

Македонија започна во грч и цели 11 минути немаше погодок,но радува тоа што и одбраната беше на ниво, па за тој период примивме само три погодоци.

Кога се фати ритам, се играше добар ракомет, за  на крајот на полувремето Црна Гора да оди со четири голови позитива.

Вториот дел нашите репрезентативки повторно оставија солиден впечаток и дојдоа до минус еден, но на крајот загубија со осум погодоци разлика.

Ристовска со шест погодоци беше најефикасна во нашиот табор, додека солидна на голот беше Мицевска со 11 одбрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни