Македонија, Словенија и Црна Гора ја претставија заедничката кандидатура за организација на ракометното ЕП во 2022 година

kandidatura

Од Загреб за „Дерби“
Александар Табаковски

Македонија има реални шанси да стане коорганизатор на сениорското Европско ракометно првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во 2022 година.

Македонија ќе го организира првенството заедно со Словенија и Црна Гора, а денеска кандидатурата беше официјално претставена во хотелот „Вестин“ во Загреб. Ова е единствена кандидатура за овој шампионат, но останува ЕХФ да одговори позитивно на предлогот на трите земји кои ги исполнија строгите услови и добија позитивни оценки од инспекциите на европската федерација. Конечната одлука ќе биде донесена на ЕХФ конгресот во Шкотска во јуни.

kandidatura1

Според кандидатурата, Македонија, поточно градот Скопје ќе биде организатор на една од четирите групи, една група ќе се игра во Црна Гора (Подгорица), а преостанатите две групи и финалето во Словенија (Љубљана и Целје). ЕП во 2022 година ќе се одржи меѓу 4 и 20 ноември.

Денешната презентација на кандидатурата беше одржана во присуство на претставници на ЕХФ, раководството на РФМ предводено од претседаталот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски, како и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

kandidatura2

Facebook Коментари