Македонија сепак пресилна за амбициозните Швајцарци

Makedonija-Svajcarija

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Швајцарија (83:68) и стигна до вториот триумф во својата група од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Во првото полувреме избраниците на селекторот Давитков не успеаја да направат солидна разлика и водеа само со 38:36, но решавачки беше третиот период кој го добивме со 28:15 и на тој начин го решивме победникот на домашен терен. Последниот израмнет период само го потврди вториот триумф во групата и конечниот резултат 83:68 во корист на Македонија.

Makedonija-Svajcarija1

Хендрикс со 16 поени 9 скокови повторно се истакна во однос на бројките, а по 11 поени постигнаа Ѓуроски и Стајиќ. Кај Швајцарците, Млаѓан со 23 поени ја имаше улогата на најдобар реализатор.

 

Facebook Коментари