Поврзете се со нас

Олимписки игри

Македонија сепак ќе има само еден знаменосец на ЗОИ во Пекинг

Објавено

на

Церемонијата по повод свеченото отворање на Зимскиоте Олимписки игри ќе се одржи утре во Пекинг, но иако од нашата страна беше планирано да има двајца знаменосци, ова поладне пристигна информација дека ќе имаме само еден претставник.

Ана Цветановска беше женската претставничка која требаше да го носи македонското знаме утре попладне по средноевропско време, но сепак на церемонијата ќе го видиме само Дардан Дехари.

– Единствен носител на македонското знаме на отварањето на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 ќе биде Дардан Дехари.

-Ана Цветановска (која на сите КОВИД тестови е негативна) поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на Ковид 19), нема да може да го носи македонското знаме.

– Доколку има два последователни негативни тестови, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот Ковид хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни