Македонија се одбрани во Клуж и ќе игра на СП во 2019

mk

Сениорската машка ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во 2019 година кое ќе се одржи во Данска и Германија.

Ова е конечниот епилог од баражот против Романија кој успеавме да го добиеме во наша корист иако на денешниот меч во Клуж загубивме минимално со 26-25. Меѓутоа победата која во неделата ја остваривме во СЦ „Борис Трајковски“ од 32-24 беше сосема доволно да го продолжиме настапот на големите турнири, односно шести пат во нашата историја ќе бидеме дел од мундијалите.

Што се однесува до денешната средба во салата „Хореа Демиан“, домаќините за нијанса беа подобри од нас и успеа бодредни од нивната публика да не совладаат и спортски да се простат од овој циклус. Григораш со девет голови беше нивен најдобар стрелец, додека кај нас Манасков даде 7, а капитенот Лазаров беше стрелец на 6 голови.

Facebook Коментари