Светски првенства
Македонија се најде во група со светскиот шампион во квалификациите за Мундобаскетот (Фото)

Најсилната македонска кошаркарска репрезентација ова попладне ги дозна противниците за квалификациите на Светското првенство во 2023-та година, ждрепка при која Македонија беше извлечена последна во извлекувањето кое се одржа во „Куќата на кошарката Патрик Бауман“ во Мие.
Нашата репрезентација беше сместена во осмиот квалитативен шешир и последна ги дозна противниците за претстојните квалификации на Мундобаскетот, во кои силите ќе ги одмерите со Грузија, Шпанија и Украина.
Моќната Шпанија како актуелен светски првак ќе биде апсолутен фаворит во групата Г од Мундо квалификациите, но ако се суди според рејтингот и желбата за раст, Македонија би требало да се надигрува со Грузија и Украина во обидот да избори пласман на главниот турнир.
Квалификациите ќе стартуваат на 22-ри ноември оваа година и ќе бидат поделени во две фази, а планот на ФИБА е да има шест „прозори“ во патот кон Светското првенство.
Македонија треба да освои едно од првите три места во групата, бидејќи само така ќе се најде во втората фаза од квалификациите кадешто ќе има распределба во четири групи со по шест национални тима.
Група А: Србија, Словачка, Белгија, Летонија.
Група Б: Белорусија, Велика Британија, Грција, Турција.
Група Ц: Хрватска, Шведска, Финска, Словенија.
Група Д: Израел, Германија, Естонија, Полска.
Група Е: Франција, Португалија, Унгарија, Црна Гора.
Група Ф: Босна, Литванија, Бугарија, Чешка.
Група Г: Грузија, Македонија, Шпанија, Украина.
Група Х: Русија, Холандија, Исланд, Италија.
Here's how Europe looks for #FIBAWC 2023 qualification!
Which games are you most looking forward to? 🤔✍️ pic.twitter.com/qc4zJAcT4D
— FIBA (@FIBA) August 31, 2021
-
Шпанијапред 21 час
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти исклучи првотимец од тренингот, разочарувањето кај играчот за врска беше големо (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Бензема погоди и во Хелсинки и го надмина Раул на вечната листа (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Шпанијапред 19 часа
Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти по новиот трофеј за Реал: Зарем некој уште има дилема кој ќе ја освои „Златната топка“
-
Македонијапред 23 часа
Црвена Звезда со специјална објава се збогува од великанот Дојчиновски (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Овен убеден дека Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед