Поврзете се со нас

Светски првенства

Македонија се бореше, Словенија го потврди статусот на фаворит

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија од 31-21 во првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство.

Нашиот националец тим имаше добри моменти, минути во Каиро, меѓутоа за да се биде конкурентен на Словенија потребна е квалитетна игра низ двете полувремиња што не беше случај со избраниците на Данило Брестовац.

„Црвено-жолтите“ одиграа добри 15-20 во кои имавме и водство од два разлика (6-4), меѓутоа потоа следуваше пад кој противникот знаеше како да го искористи и на пауза замина со 13-9. По паузата фаворитот додаде гас, ги користеше сите наши пропушти во играта и на крајот се избори и за двоцифрена разлика што и не е реална слика ако се земат предвид случувањата на теренот.

Капитенот Лазаров беше најефикасен со пет погодоци, а по трипати погодија Танкоски, Талески и Кузмановски.

Следен наш ривал е селекцијата на Русија со која ќе се соочиме на 22 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни