Македонија со претставник во БИБЛ лигата: Новиот прволигаш Блокотехна излегува на Балканот (Фото)

Blokotehna

Новиот кошаркарски прволигаш Блокотехна ќе биде македонскиот претставник во јубилејното десетто издание од регионалната БИБЛ лига.
Информацијата пристигна од раководството на ова натпреварување каде на својата официјална интернет страница ја објавија оваа вест. Во следните денови се очекува БИБЛ лигата да го објави конечниот список на учесници меѓу кои ќе биде и Блокотехна.
Уште не е познато дали уште некоја македонска екипа ќе учествува во новата сезона на БИБЛ. Минатата сезона во ова натпреварување нашата земја ја претставуваа Кожув, Карпош Соколи, Куманово и Фени Индустри.

Facebook Коментари