Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија пресилна за Литванија, ракометарките обезбедија бараж за СП

Објавено

на

Македонската женска ракометна репрезентација ја оствари и втората победа во квалификациите и веќе обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи на крајот на годината.

Избраничките на селекторот Симе Симовски денеска славеа над Литванија со убедливи 31:21 и на тој начин сигурно ќе освојат една од првите две позиции во групата чии натпревари се играат во Скопје.

Македонија стигна до пет голови предност уште во 20. минута кога водеше со 13:8, но 15:12 на полувреме беше резултат кој оставаше одредена неизвесност за вториот дел.

Сепак, Литванија немаше решение за македонската одбрана, па Македонија рутински одржуваше висока предност, а до крајот стигна и до плус десет, како што беше и кај конечните 31:21.

Ристовска со 8 и Стојковска со 5 голови беа најефикасни во нашата репрезентација, која за потврда на првото место треба да ја победи уште Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни