Свет
Македонија повторно стои на патот на Италија, Спалети тврди: Не се плашиме!

Италија отвори одлично на „Вембли“ и поведе со раниот гол кој го постигна Скамака, но во продолжение „аѕурите“ беа надиграни од растрчаните Англичани и загубија со 3:1.
Овој пораз ги става европските шампиони во доста неизвесна ситуација, бидејќи во моментов и натаму зависат сами од себе, но сега се под притисок бидејќи се трети на табелата.
Украина славеше во Малта и сега има 13 бода на табелата како второпласирана во нашата група (Италија има 10), што прави Македонија повторно да стои на патот на „аѕурите“ пред едно големо натпреварување.
Италија ќе мора да брка победа против Македонија на следниот меч во ноември, а потоа да брка и бод во директната пресметка со Украина за пласман на Европско првенство.
Селекторот Лучијано Спалети беше запрашан дали стравува од ново шокантно сценарио како она во Палермо пред една ипол години, но доскорешниот тренер на Наполи вели дека стравот не смее да почувствува во ниту еден момент.
– Јас не се плашам од ништо и од никого и ќе бидам изненаден ако се исплашат моите играчи. Имаме сила да се бориме против било кого. Резултатот 3:1 не е праведен за тоа што се виде на теренот, ќе продолжиме да работиме во исто темпо. Сакаме да играме цврсто, да играме на отворен простор и да имаме силен интензитет во 90 минути. Ние сме Италија, не можеме да се плашиме од неуспех, – изјави Спалети.
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари