Македонија повторно има трки: Стартува сезоната на кружни патеки!

idze na vodno 2018

Откако минатата година со пилот-трката пред МТВ беше најавено враќањето на трките во Македонија, по смената на раководството во Автомобилистичката федерација на Македонија конечно заживеаја и двата шампионати, на ридски и на кружни патеки.

Досега се организираа две трки на ридски патеки, и тоа Водно крај Скопје и Пониква крај Кочани, која се бодуваше за ЦЕЗ. Викендов на воениот полигон во Кичево најавена е првата трка од првенството на кружни патеки, насловена како„КИЧЕВО 2018“. Организатор на трката е АКК Примо АВЈ, а се очекува бројка од околу 25 натпреварувачи, меѓу кои и гости од Косово.

Трката ќе се вози в недела на 15 јули, свеченото отворање е предвидено во 11 часот и 30 минути, а стартот на трката во 12 часот. Во продолжение е и целосната програма на натпреварот.

Сабота 14 07 2018

Технички преглед и верификација

– Класа 1: 08.00 – 09.00 часот

– Останати класи:  09.00 – 10.00 часот

Тренинзи

– Неофицијален тренинг 11.00 часот

– Официјален тренинг 13.00 часот

 

Недела 15 07 2018

– Слободен тренинг 10.30 часот

– Свечено отворање на натпреварот 11.30 часот

– Почеток на натпреварот 12.00 часот

 

Facebook Коментари