Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија поразена и на вториот меч од Србија

Објавено

на

Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз и на вториот пријателски натпревар со Србија што се одигра во Бор.

Вчера нашата селекција загуби со 34:21, додека пак денеска бевме поефикасни во нападот и бевме надиграни со седум разлика (35:28).

Ова беше дуел во кој имавме негатива од 19:15 по првите 30 минути, предност која домашните ракометарки во преостанатиот дел ја задржаа и надградија за потврда на триумфот.

Најефикасни во македонската селекција беа Гакидова, Дамјаноска и Ризоска со по 5 голови.

Само за потсетување наредниот месец не очекува бараж двомечот со Полска за СП во Холандија и Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни