Македонија со победа над Црна Гора ги заврши подготовките за ЕП

pesevski-bresotvac

Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Црна Гора од 25-24 во последниот контролен меч пред настапот на Европското првенство кое годинава се игра во три држави и тоа Австрија, Шведска и Норвешка.

И овој завршен тест го одигравме без капитенот Кирил Лазаров, но без разлика на тоа успеавме со пресврт во вториот дел да дојдеме до позитивен, победнички резултат на средбата која се играше во Словенија. Црногорците беа за нијанса подобри во првите 30 минути и истите ги реализираа со 13-12, но во продолжението ситуацијата се промени и избраниците на Данило Брестовац ја преземаа контролата, ги реализираа своите шанси и се изборија за славје.

Манасков и Талески дадоа по 5 голови, додека пак голманот Митревски имаше 14 одбрани.

Да потсетиме ние првиот меч на шампионатот го играме на 10 ноември, а ривал ни е селекцијата на Украина. Во нашата група се уште домаќинот Австрија и Чешка.

Facebook Коментари