Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија падна во Левице, првото место ќе мора да се потврди во Осло

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Нашиот национален тим загуби на гостувањето во Левице кај Словачка со 82-73. Ова беше дуел во кој имавме подеми, но и падови во играта, а особено лоши бевме во третиот период во кој за десет минути дадовме само осум поени. Тоа на крајот се покажа и како пресудно затоа што двете селекции добија по две четвртини со таа разлика што Словаците поубедливо си ја завршија својата задача, своите добри минути на паркетот.

Крајчовиќ со 23 поени беше прв стрелец кај победникот за кој Бродзиански додаде 18 кошеви, додела Маловец имаше дабл-дабл од 15 кошеви и 13 скокови.

Шорт кај нас уфрли 23 кошеви, Крстевски 14, а Маслинко 10 поени.

Ние остануваме на првото место во групата, односно за три дена во Осло имаше шанса успешно да го завршиме овој циклус и да се пласираме во главните квалификации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни