Македонија падна две места на најновата ФИБА ранг листа

Makedonija-Svajcarija1

Македонската репрезентација падна две позиции на најновата ранг листа која ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Во најновиот ранкинг се земени резултатите во ноемвриските квалификации, но без разлика што ние славевме над Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП забележавме пад и сега сме 40 светска сила или 22 во Европа.

Ние имаме 159,2 поени што е доволно да бидеме во сендвич на Уругвај и Унгарија кои се пред и зад нас. Меѓу најдобрите пет има само една промена и сега Литванија е петта на сметка на Аргентина. Лидери се САД пред Шпанија, Србија и Франција.

Facebook Коментари