Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија падна десет места на најновата ФИФА ранг листа

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од десет позиции на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Нашиот национален тим на последното рангирање на 27 мај беше на 62 позиција со вкупно 1375 поени, додека пак денеска со вкупно 1343 бодови го заземаме 72 место односно сме во средина меѓу Кина и Јужна Африка.

Кога пак се во прашање нашите ривали во квалифиакциите за СП во Катар, Германија е 16 светска сила, Романие е 45,  Исланд е 53, Ерменија со која играме на 2 септември во Скопје е на 88 позиција, додека пак Лихтенштајн се наоѓа на 189 место.

Врвот е резервиран за Белгија пред Бразил, Франција, Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД која ја заокружува првата десетка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни