Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија отвори добро, но заврши лошо на последниот меч на ЕП

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација го заврши своето учество на актуелното Европско првенство, откако вечерва го претрпе и третиот пораз во третиот меч во воведната фаза на континенталниот турнир.

Во дуелот со апсолутниот фаворит Данска, младите избраниците на Кирил Лазаров имаа најдобар старт на еден натпревар и отворија со сензационални 4:0, што воглавно беше последица на извонредниот напад и фантастичните одбрани на Митревски. Импресивниот почеток беше најдоброто што го видовме од оваа подмладена генерација на овој турнир, но идиличната атмосфера во Дебрецин не траеше долго бидејќи следеш будење од Данците, кои брзо ги преземаа работите во свои раце.

Ракометарите на Јакобсен одговорија со иста серија и израмнија на 4:4, по што следеа уште три израмнувања пред да се сврте натпреварот во нивна корист.

Фаворизираните Данци завршија со плус четири на крајот на првиот дел, а во второто полувреме само ја зголемуваа предноста и ја покажаа својата моќ и во ситуација кога немаа императив да остварат победа.

На крајот, Данска победи со убедливи 31:21 и стави крај на настапот на македонската репрезентација на Европското првенство, кое за жал го завршуваме како последнопласирани во групата А со максимални три порази.

Киркелоке денеска ја наполни мрежата на Македонија со девет гола, а во нашиот табар со добар настап се одјави Пешевски кој мечот го заврши со шест погодоци, три повеќе од Талески и Мишевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни