Карате
Македонија освои три медали на Светскиот куп во Самсун
Македонската машка репрезентација денеска на Светскиот куп на боречки спортови, кој се одржува во Самсун, Турција успеа да го освои сребрениот медал. Тимот загуби од репрезентацијата на Јордан во финалната борба со резултат 1-3 и со тоа станаа светски вице шампиони.
Машката екипа беше во состав Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски, додека женскиот тим беше составен од Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска , Марија Петровска и Моника Пендаровска. Девојките исто така загубија во финалето со 0:2 од репрезентацијата на Хрватска и се закитија со сребрениот медал.
Во поединечна конкуренција, бронзен медал освои Давид Петков во категорија до 67 килограми, бидејќи македонскиот претставник го победи Украинецот Давид Јановски со 1:0.
Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми, Викторија Јовановска -61 кг и Марија Петровска -55 кг завршија како петтопласирани во своите тежински категории, откако сите загубија во борбите за бронзени медали.
– Задоволни и горди сме од постигнатиот спортски резултат. Успеавме да освоиме две сребрени и една бронзена медала и секако три високи пласмани на петтото место. Тоа е доказ дека ние имавме одличен настап и на ова големо натпреварување од страна на сите наши избраници. Ова е селекција веќе е докажана како многу квалитетна и продолжува да не радува со постигнување на големи спортски резултати. Со малку среќа, ние можевме да имаме и двоен број на медали. Тоа значи дека го поседуваме квалитетот на високо технички дотерани и подготвени врвни натпреварувачи и сега само треба да го чекаме моментот кога секој од нив ќе биде медалист на некое следно првенство.
– Сакам да истакнам дека оваа генерација на каратисти во машка конкуренција се издвојуваат како најуспешна студентска генерација, бидејќи тие се единствени кои успеале да бидат три пати финалисти во дисциплината екипно борби. Два пати успеваат на Eвропските Универзијади првично во Загреб, каде што успеаја да го освојат најнапред европскиот сребрен и по две години и златен медал на следните универзитетски игри во Лоѓ, а сега еве успеваат да станат и сребрени медалисти на еден светски натпревар во карате спортот, – изјави тренерот Бошко Заборски.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор