Репрезентација
Македонија остана на иста позиција на најновата ФИФА листа
Македонската фудбалска репрезентација одигра два натпревари во месец септември, но ремито со Фарски Острови и победата над Ерменија за жал не донесоа скок на ФИФА листата.
Според најновиот ранкинг на светската фудбалска асоцијација, Македонија не забележа ниту скок, ниту пад на листата, па така нашиот најсилен национален колектив останува на 72-то место.
Од остварените резултатит овој месец, Македонија придодаде 2,55 ФИФА поени, но сепак тоа не беше доволно за да се направи мал напредок, иако тоа се очекуваше по победата над Ерменија.
Во наше друштво е Исланд кој со четири поени повеќе е на 71-та позиција, додека Македонија има 12 бода повеќе од Севрена Ирска која е 73-та.
Промени нема ни на самиот врв, па така Аргентина останува прва на ФИФА листата, а потоа следат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
-
Англија22 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Лига на нации23 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации21 час
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Два мајсторски погодоци во Ереван донесоа историски успех за македонската репрезентација (Видео)
-
Свет9 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации!
-
Лига на нации11 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…