Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија остана без Стоилов за пресметката со Црна Гора

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација нема да може да смета на Стојанче Стоилов за вечерашната пресметка против Црна Гора на Европското првенство.

Кружниот напаѓач на Вардар имал позитивен тест на КОВИД-19 и отпадна од комбинација за средбата од 18 часот, а најверојатно и за дуелот против Данска закажан за 17 јануари.

Ова е секако нов удар за националниот тим кој како што е познато пред самиот старт на шампионатот поради повреда го загуби капитенот Кирил Лазаров кој воедно е и наш селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни