Македонија остана 21. одбојкарска сила во Европа

makedonija

Македонската машка одбојкарска репрезентација остана на 21 позиција на последното рангирање на европската „куќа на одбојката” (ЦЕВ).

Нашите одбојкари и оваа година имаа одличен настап во Европската лига, меѓутоа пад паднаа на тој последен финален испит со тоа што овој пат потклекнавме пред Украина. Ние со 156 поени сме на 21 место, додека Украинците благодарение на триумфот скокнаа 7 позиции и сега се 17 одбојкарска сила на стариот континент.

На врвот немаше промени и Франција по освојувањето на Светската лига и понатаму е  број еден пред Русија која напредуваше едно место и Србија која го задржа третото место на листата.

Facebook Коментари