Репрезентација
Македонија одлично отвори во Португалија, но новиот пад повторно пресуди за пораз

Подмладената македонска ракометна репрезентација вечерва го одигра и вториот натпревар против Португалија во квалификациите за Европското првенство, гостување на кое даде се од себе, но од кое се враќа со втор пораз во пресметките со истиот ривал.
Кирил Лазаров направи неколку промени во споредба со мечот во Скопје и денеска натпреварот го почна со Томовски на голот, но и покрај добрите периоди и водството кое го имавме во првото полувреме во повеќе наврати, за жал како пресуден повторно се покажа падот во неколку минути.
Македонија одржуваше предност од еден разлика се до 25-та минута, но потоа не постигна гол до крајот на првиот дел и дозволи серија од 5:0 на домаќинот за предност од 15:11.
Оваа серија за жал продолжи и на стартот на второто полувреме, Португалија стигна до плус осум, оваа предност ја имаше уште во три наврати, а потоа дојде и до максимални плус 9 при резултат 28:19. Тука стана јасно дека нема враќање назад, па од овој момент следеше опуштање на фаворитот и добар период на младите момчиња кои на крајот се изборија за подостоен пораз.
Конечните 32:27 се доста поприфатливи од она што беше неколку минути претходно, па сега останува билетот за Европско првенство да го чекираме со победи над Турција и Луксембург.
Кузмановски со десет гола беше најдобар поединец во нашиот табор, следен беше од Серафимов со пет гола, а крилото Костески одново постигна три гола како и на првиот меч во Скопје.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 12 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)