Македонија не се врати по почетниот јапонски шок, следува осминафинале со Португалија

MKD-Jap

Македонската кадетска ракометна репрезентација доживеа пораз од Јапонија (22:31) на последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство кое се одржува во нашата земја и ќе мора да се задоволи само со четвртото место во својата група Ц.

Јапонците уште на почетокот поведоа со 6:0, а на полувреме имаа предност од 15:11, со што уште по првите триесет минути најавија дека сакаат да си го осигураат второто место во групата. Избраниците на Данило Брестовац не успеаја да се вратат по почетниот шок и немаа решение за азискиот ривал ниту во вториот дел, финиширајќи го натпреварот со досега најубедливиот мундијалски пораз со резултат 22:31.

Костески со 8 голови беше најефикасен македонски ракометар на дуелот во Скопје, а по него е јасно дека противник на нашата репрезентација во осминафиналето ќе биде големото изненадување Португалија, репрезентација која оствари пет победи на пет одиграни натпревари на ова СП.

Facebook Коментари