Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија напредуваше три позиции на најновата ФИФА ранг листа

Објавено

на

Македонската репрезентација напредуваше три позиции на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска репрезентација (ФИФА).

Нашиот национален тим во изминатиов период одигра три натпревари од квалификациите за Светското првенство, загубивме несреќно од Романија со 3-2 за да потоа го прегазиме Лихтенштајн и ја шокираме Германија во Дуизбург.

Ова придонесе да скокнеме три места и да сме 62 фудбалска сила со вкупно 1374.73 бодови. Сега сме пред Словенија и Црна Гора кои се 63 и 64 позиција, репрезентации кои се лизнаа за по едно место.

Кога се во прашање нашите ривали од групата за СП, Германија е 12, Романија е 43, Исланд е на 52. место, Ерменија е 90. место, а Лихтенштајн на 186 позиција.

На врвот останува Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија која ја комплетира најдобрата петка на планетава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни