Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија напредуваше седум позиции на најновата ФИФА ранг листа

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација во изминатиов период прокнижи две победи во завршницата на квалификациите за Светското првенство или поточно славевме над Ерменија и Исланд и со тоа обезбедивме бараж за мундијалот во Катар.

Меѓутоа овие добри резултати ни донесоа и напредок на ФИФА листата, па така во однос на последното октомвриско рангирање сме подобри за седум позиции. Ние со 1367 поени сме на 67 место со што сме веднаш зад Словенија и Албанија и пред Јужна Африка која во стручниот штаб го има нашиот Чеде Јаневски.

Ова значи дека од 67 место ќе го дочекаме баражот во кој како први можни противници ги имаме Италија, Португалија, Шведска, Велс, Русија и Шкотка, селекции кои се од 6 до 38 место на листата.

Кога е во прашање пак првата десетка на светот Белгија понатаму е водечка по неа следуваат Бразил, Франција, Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија која се врати во Топ 10.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни