Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија напредуваше пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше пет позиции на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Нашиот национален тим во месец февруари (10) беше 67 светска сила, додека пак сега со 1381 поен сме на 62 на картата на фудбалски нации на светот.

Кога се во прашање балканските селекции најблиску до нас е Босна и Херцеговина која е на 59 место, додека пак зад нас се Словенија и Албанија на 65 и 66 позиција.

Кога е во прашање првата десетка имаме промена на врвот, па сега Бразил е број еден пред Белгија. Потоа на Топ листата следат Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни