Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија напредуваше на најновата ФИФА ранг-листа

Објавено

на

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави најновата ранг листа за месец ноември, листа на која напредок забележа македонската репрезентација.

Македонија во овој период имаше два тешки натпревари против великаните Италија и Англија и на истите освоивме еден бод, поточно од „аѕурите“ загубивме со 5-2, додека со „гордиот албинот“ ремизиравме во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП во 2024 година.

Ова ни овозможи скок од едно место и со вкупно 1362, 67 поени сме 65 фудбалска сила на светот.

Во тој дел од 60 до 70 место се селекции како Ирска, Гана, Албанија, Ирак, Обединети Арапски Емирати, Јужна Африка, Демократска Република Конго, Узбекистан, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Кога е во прашање врвот таму нема промени Аргентина е лидер пред Франција и Англија која е сега на третата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни