Македонија надиграна од Словенија на контролата во Словењ Градец

Taleski-Island

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Словенија од пет голови разлика (33-28) на вечерашниот пријателски меч што се одигра во Словењ Градец.

Нашиот национален тим настапи на оваа средба без капитенот Кирил Лазаров, а тоа дефинитивно се почувствува во втората половина на првиот дел во кој домаќинот ја направи клучната предност на оваа средба. Имено Словенците во тој период ги користеа сите наши грешки и на полувреме заминаа со 19-12, предност која се покажа како недостижна за нас иако успеавме да намалиме дел од негативата во продолжението на средбата.

Избраниците на Данило Брестовац пред настапот на ЕП ќе одиграат уште еден контролен натпревар и тоа против селекцијата на Црна Гора.

Facebook Коментари