Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/armenian_ff

Македонската фудбалска репрезентација вечерва испиша историја во Ереван и за првпат нанижа серија од три последователни меча без да прими еден гол, а додека Благоја Милевски по добро ќе го памети овој квалификациски меч во Лигата на нации, неговиот колега дефинитивно нема да има добри спомени.

Александар Петраков во иднина веќе нема да ја извршува функцијата на шеф на стручниопт штаб во ерменскиот тим, бидејќи Федерацијата на оваа земја режи да му врачи отказ по поразот од Македонија.

Мајсторските голови на Миовски и Алими значеа дека Ерменија веќе нема теоретски шанси за прво место во групата, па очигледно тоа предизвика голем револт кај водечките луѓе на фудбалската Федерација.

Неколку часа по поразот од „рисовите“, Ерменците со кратко соопштение информираа дека му се заблагодариле на Петраков.

– Александар Петраков повеќе нема да ја води репрезентацијата на Ерменија. По натпреварот од Лигата на нации на УЕФА меѓу Ерменија и Македонија одигран на 13 октомври, селекторот на ерменската репрезентација Александар Петраков беше сменет од функцијата, – гласи соопштението.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни