Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија може да не игра во Букурешт и Амстердам, Европското би можело да се одржи на Островот

Објавено

на

Медиумите во Англија пренесуваат дека континенталниот собир кој е закажан за следната година би можел да се одигра на Островот откако од Англиската фудбалска федерација (ФА) започнале преговори со УЕФА за целосно преземање на организацијата на првенството.

Имено, како што дознава „Дејли Мејл“ постои веројатност поради страв од Ковид пандемијата УЕФА да донесе одлука Европското првенство да се одигра во една држава, наместо како што претходно беше објавено во неколку држави  и 12 различни градови.

Од Англија планираат самостојно да го организираат натпреварувањето и токму затоа започнале преговори со УЕФА која пак е на ставот дека ќе тежнее кон тоа првичната намера да остане на сила, а тоа е турнирот да се одигра во 12 различни градови.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин стои на првичниот став, но свесен е дека постојат и одредени ризици, па затоа не отфрла веднаш одржување на Европското првенство во една земја.

Конечната одлука за тоа каде ќе биде одржано следното Европско првенство, кое е од историско значење за нас ќе биде донесена за најмногу два месеци. Едно е јасно, каде и да се одржи тоа ќе биде со присуство на гледачи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни