Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија конечно победи на ЕП во Измир: Утре против Хрватска за опстанок во елитата

Објавено

на

По петте порази на првите пет натпреври на Европското првенство во Измир, Македонија денеска конечно победи во најважниот меч и со тоа се доведе во ситуација да се бори во директна пресмекта за опстанок во А дивизијата.

Селекцијата до 18 години во еден тесен и возбудлив натпревар овојпат успеа да запише многу важна победа, нешто што за жал не ни појде од рака на мечот против Велика Британија пред неколку дена.

Тогаш ситните детали заминаа на страна на Британците, а денеска за среќа клучните моменти им припаднаа на избраниците на Симиќ и истите остварија победа над Црна Гора од 65:62.

Македонија беше далеку подобар ривал во првото полувреме и нереална беше позитивата од само седум поени, но добро е што младите кошаркари на Симиќ останаа прибрани при крајот и остварија тесна победа.

Со неа, сега се изборија за ситуација „да се биде или не“, бидејќи утре во директен дуел со Хрватска ќе решаваме која селекција ќе остане во А дивизијата. Хрватска денеска ја победи Велика Британија, а „коцкестите“ утре ќе ни бидат ривали во меч кој стартува во 12:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни