Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ќе се подготвува како да оди на Светското првенство, закажани два тест меча со домаќинот на Мундијалот

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија ќе чека трета среќа за учество на Мундијалот кој на почетокот на 2021 година ќе се одржи во Египет.

Откако ИХФ ни ја одзеде можноста преку бараж да се бориме за пласман на Светското првенство, а потоа не ни ја додели шансата преку вајлд-картата, ни даде мала надеж со тоа што не стави како прва резерва и во опција некоја репрезентација да го откаже учеството, Макдонија ќе патува во Египет и ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

Сепак, шансата за такво нешто е мала затоа што од ИХФ открија дека засега сите учесници го потврдиле своето учество на Светското првенство.

И покрај тоа, Македонија под водство на Брестовац ќе се подготвува како да оди во Египет, па затоа закажа и две пријателски средби токму со домаќинот на мундијалскиот собир.

Египет ќе пристигне во Скопје и на 27. и 29. декември ќе бидат одиграни два пријателски натпревари против оваа земја.

Данило Брестовац ќе ги собере ракометарите на 24. декември, а новост на овој собир е што ќе смета само на ракометарите од домашниот шампионат кои ќе бидат надополнети со само неколку странци кои ќе ја бараат шансата за репрезентативен повик во иднина.

Доколку се донесе одлука да заминеме на Светското првенство, подготовките ќе продолжат во првите денови од месец јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни