Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија ќе игра со публика и на дуелот со Холандија во Амстердам

Објавено

на

blank

Македонската фудбалска репрезентација ќе дебитира на Европското првенство со дуелот против Австрија, а на истиот сепак ќе има одреден број гледачи.

Организаторите на дуелите кои ќе се играат во романската престолнина Букурешт вчера потврдија дека ќе дозволат присуство на помал број гледачи, а истата информација денеска стигна и од Амстердам.

УЕФА им даде рок на домаќините до 7. април да потврдат дали и покрај пандемијата ќе овозможат присуство на навивачи на стадионите, а Букурешт, Амстердам и Билбао испратиле позитивни одговори.

Холанската фудбалска федерација најави дека на „Јохан Кројф“ арената ќе присуствуваат најмалку 12.000 гледачи по натпревар, додека пак Романците се изјасниле дека во Букурешт ќе биде дозволено присуство на најмногу 13.000 гледачи.

Македонија ќе игра против Австрија и Украина во Букурешт, а против Холандија ќе гостува во Амстердам во последниот натпревар од групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни