Македонија ќе игра еден бараж за пласман на СП во Египет!

pesevski-pozdrav

Светското првенство во 2021 година ќе се одржи во Египет, но до македонската репрезентација не знаеше низ што ќе треба да мине за да проба да се пласира на големиот настан и ја продолжу низата на учества на големите натпреварувања.

Дилемата беше дали ќе треба да играме еден, два баражи, дилема која денеска ја разреши ЕХФ на состанокот на извршниот комитет во Стокхолм. Македонија дефинитивно ќе игра еден бараж и тоа во јуни со тоа што мора да се нагласи дека во април ќе има уште еден бараж во кој ќе учествуваат четирите екипи што играа квалификации за СП (Романија, Литванија, Израел и Турција), а нивни ривали ќе им бидат наслабите селекции од ЕП (Летонија, БиХ, Русија и Полска).

Победниците од овие битки ќе дојдат до јунскиот бараж во кој ќе биде нашиот национален тим со тоа што останува дилема дали избраниците на Данило Брестовац ќе бидат носители или неносители во таа завршна пресметка за место на мундијалот кој е на програмата наредната година.

Facebook Коментари