Македонија ја завршува годината како 68. светска фудбалска сила

makedonija-tim-polska

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја заврши 2019-та година како 68-ма светска сила, а интересно е тоа што ова место избраниците на Игор Ангеловски го имаа и на крајот на минатата година.

Со оглед на тоа што немаше никакви репрезентаитвни обврски, за очекување беше ситуацијата на ФИФА листата да остане статус кво, па така декемвриското класифицирање само ни потврди дека годината ја завршуваме како 68-ма селекција во светот. На овој начин се става крај на една успешна фудбалска година во која Македонија оствари историски пласман во едни квалификации, но сепак допрва следи она најважното, односно полуфиналниот дуел со Косово во Лигата на нации.

Нашите избраници ќе се обидат да направат историски успех и да се пласираат на главното натпреварување, а првиот чекор кон такво нешто е победа над Косово на националата арена „Тодор Проески“ во месец март наредната година.

Facebook Коментари