Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја загуби драмата со Романија во Букурешт (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација доживеа пораз од Романија од 3-2 во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Средбата во Букурешт донесе доста шанси на двете страни, вистинска драма во завршницата која за наша несреќа заврши со негативен резултат. Првиот дел мина само со еден гол кој беше автор на домашниот играч Танасе кој го пронајде патот до мрежата на Димитриевски во 28 минута.

На стартот на вториот дел Романците го зголеми водството благодарение на ремек-делото на Микаила. Нашиот селектор Ангеловски се одлучи да направи неколку измени, а токму резервистите Адеми и Трајковски не донесоа до 2-2 со головите во 82 и 83.

Избраниците на Радои реагираа по овој шок за нив и преку Хаџи во 86 минута дојдоа до триумф и три бода за почеток на овие квалификации.

Следен предизвик за нас е репрезентацијата на Лихтенштајн која ќе ја пречекаме во Скопје за три дена.

На останатите два дуели во нашата група, Германија го доби Исланд со 3-0, Ерменија пак со 1-0 беше подобра од Лихтенштајн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни