Македонија ја задржа својата позиција на најновата ФИФА ранг листа

cestitki za vodstvo vs avstrija 2019

Македонската фудбалска репрезентација ја задржа својата позиција на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација.

Ние во изминатиов месец загубивме од Австрија и го победивме Израел во квалификациите за ЕП, резултати кои не ни донесоа поместување на ранкингот, па со вкупно 1347 смена 68 место, односно сме меѓу Саудиска Арабија и Ел Салвадор.

Нашиот пак противник во полуфиналето на Лигата на нации, селекцијата на Косово го држи 115 место, додека пак Белорусија и Грузија кои се потенцијали наши ривали во финалето во баражот за ЕВРО 2020 се 87 и 91 на светот.

Кога е во прашање врвот Белгија е број еден пред Франција, Бразил, Англија и Уругвај кој ја заокружува првата петка на ФИФА листата.

Facebook Коментари