Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја совлада Украина и го освои петтото место на ЕХФ шампионатот

Објавено

на

Младинската селекција на Македонија го завери петтото место на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Варна, откако во мечот со Украина покажа поголем квалитет и славеше со 26:23.

Селекцијата до 20 години заврши како петорангирана на шампионатот, а денеска успеа да се оствари победа над селекцијата со која ремизираше во пораната фаза на турнирот.

Македонија на 16-ти јули одигра 23:23 против Украинците, но денеска нашите млади момци беа подобри против истите ривали и остварија победа од три гола разлика.

Крилото Петковски беше најдобро во нашиот тим и постигна дури седум гола, следен од Шулевски кој пет пати се запиша во листата на стрелците.

Македонија го завршува овој турнир со три победи, два порази и едно реми, а петтото освоено место треба да биде само потстрек за избраниците на Бранко Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни