Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонија ја совлада Естонија и ја продолжи позитивната серија во Лигата на нации (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Естонија со 2:1 во Лигата на нации и останува во добра позиција да го обезбеди првото место во својата група од Ц зоната.

По големиот успех во Тбилиси и пласманот на Европското првенство, селекторот Игор Ангеловски мораше да го адаптира составот за дуелот со Естонија, со оглед на тоа што не можеше да смета на Димитриевски, Алиоски, Адеми, Пандев и Барди.

Но, оние кои се појавија на теренот во Скопје, предводени од капитенот Иван Тричковски, одиграа максимално ангажирано и заслужено ја победија Естонија, која ни создаде големи проблеми на првата средба во Талин.

Резултатот го отвори Тричковски во 29. минута на асистенција на Спировски, но брзо по стартот на вториот дел, Естонија постигна гол преку Сапинен и ја неутрализираше нашата предност.

Селекторот Ангеловски го уфрли Стојановски на местото на Трајковски, а 23-годишниот напаѓач ја претвори одличната асистенција на Елмас во погодок со глава во 69. минута од средбата.

На едно коло до крајот, Македонија има 9 бодови, а следуваат Грузија со 6 и Ерменија со 5, две селекции кои денеска играат меѓусебен дуел. По три дена, нашата репрезентација ќе го заврши настапот на гостувањето кај Ерменија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни