Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја разби Словачка за прва радост на турнирот во Скопје

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација го забележа првиот триумф на турнирот во Скопје во претквалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Нашата селекција се избори за висок триумф над Словачка од 69-47 со што на најдобар начин потврди дека поразод од Швајцарија е заборавен, односно дека сме подготвени да дојдеме до посакуваната цел. На вечерашната средба во СЦ „Јане Сандански“ одигравме две супер квалитетни четвртини што беше доволно за да ги прегазиме Словаците.

Имено ние одигравме фуриозно во првиот и четвртиот период, односно тргнавме со 22-10, предност која противникот се обиде да ја „избрише“, цел во која и успеа ако се земе предвид резултатот по 30 минути (46-42).

Тука одново на сцена стапија избраниците на Драган Бајиќ и завршните 10 минути ги реализираа со 23-5 и со тоа се изборија за славје од 22 разлика.

Пет играчи во Македонија беа двоцифрени, листата ја предводеше Трајковски со 16 кошеви. Следниот меч го играме на 16 август против Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни