Поврзете се со нас

Светски првенства

Македонија ја растури Романија во пеколна ракометна завршница во Скопје

Објавено

на

Македонија игра извонредно добро на домашен терен во Скопје, бидејќи на теренот на кој падна и големата Данска, денеска во финишот потклекна и Романија.

Гостите предводени од искусниот Чави Пасквал „покажаа заби“ и ја стопија нашата предност во второто полувреме, но дури кога дојдоа на минус еден и имаа напад за реми, пристигна најдобрата игра од нашите ракометари предводени од капитенот Кирил Лазаров.

Кире беше задолжен за давање инструкции и на 13 минути пред крајот имавме само еден позитива, по што следеше грантина игра во одбрана и ракометна симултанка од Филип Талески.

Ракометарот на Вардар одигра еден од најдобрите натпревари во репрезентацијата и ги уништи Романците во последните десетина минути, во кои дадовме дури девет гола, а примивме само два.

На крајот, Македонија на одличен начин го започна баражот за Светското првенств, па со предност од 30:22 ќе патува на гостувањето во Букурешт во Романија.

Талески беше најефикасен и постигна 10 гола во уверливата победа, додека капитенот Лазаров и Кузмановски постигнаа по седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни