Светски првенства
Македонија ја преживеа „црната дупка“ и со херојско издание направи голем исчекор кон бараж на СП

Македонската женска ракометна репрезентација на најдобар можен начин го стартуваше претквалификацискиот турнир за бараж на Светското првенство, откако на домашен терен го победи фаворитот во групата која се игра во Скопје.
Исланд беше главен фаворит за освојување на првото место во нашата група, но тоа од вечерва веќе не е така, откако избраничките на Симовски одиграа извонредно и запишаа премиерна победа со која силно зачекорија кон баражот на ракометниот мундијал кој ќе се одигра во Шпанија.
Реално гледано, нашите ракометарки започнаа навистина лошо, имаа „црна дупка“ од 13 минути без постигнат гол и губеа со 2:7, но по свиканиот тајмаут од селекторот Симовски, до израз дојде Сара Ристовска и почна да се буди вербата за правење огромен пресврт и голема победа.
По катастрофалната лоша серија, следеше фасцинантна позитивна низа на нашите ракометарки, па не само што израмнија на 7:7, туку веќе на полувреме имаа предност од три гола разлика.
Водството од 11:8 на паузата ги осоколи да тргнат фуриозно и во второто полувреме, започнавме со гол, но противникот не се откажа и се врати во егал ситуација 12:12, а потоа и поведе со 14:15. Сепак, ова беше последно водство за Исланѓанките, во фокусот одново се најде фантастичната Ристовска, која ја предводеше Македонија до голема победа од 24:17. Најдобрата македонска ракометарка постигна дури 11 погодоци, шест гола постигна Ѓоргиевска, а голманката Серафимова го заврши мечот со 9 интервенции.
Македонските ракометарки утре играа против Литванија, на кој ако остварат победа, и математички ќе обезбедат место на баражот за СП.
-
Шпанијапред 21 час
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти исклучи првотимец од тренингот, разочарувањето кај играчот за врска беше големо (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Бензема погоди и во Хелсинки и го надмина Раул на вечната листа (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Шпанијапред 19 часа
Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти по новиот трофеј за Реал: Зарем некој уште има дилема кој ќе ја освои „Златната топка“
-
Македонијапред 23 часа
Црвена Звезда со специјална објава се збогува од великанот Дојчиновски (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Овен убеден дека Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед