Поврзете се со нас

Македонија

Македонија ја преслуша Победа во Ѓорче Петров

Објавено

на

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров остварија сигурен триумф над Победа од 4-1 во мечот од денешната трета рунда во Првата македонска лига.

Ѓорчепетровци важеа за фаворити и тој статус го потврдија во својот дом во средба во која во главна улога беше Емини. Емини беше автор на два гола во првото полувреме во кое во листата на стрелци за домаќините се запиша и Стојкоски, додека за гостите пак погоди Мазари.

Во вториот дел беше далеку помирно, па најзначајниот момент се случи во 79 минута кога колумбискиот интернационалец Мена го постави конечниот резултат.

Ова за Македонија беше прва победа и први бодови во новата сезона, додека пак Победа останува на „нула“ со три порази и негативна гол разлика 1-8.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни