Светски првенства
Македонија ја преслуша Гвинеја и обезбеди пласман во втората фаза на СП!

Македонската репрезентација ја одработи својата задача и прилично лесно се справи со селекцијата на Гвинеја, која со исклучок на воведните 20 минути во кои ни правеше проблеми, во продолжение не можеше да се носи со избраниците на Кирил Лазаров.
Нашите ракометари влегоа во мал грч и не реализираа многу зицери во воведната фаза од мечот и дозволија по 20 минути резултатот да биде 7:7, но потоа првпат во 22-та минута стигнавме до плус два, по што почнавме значително да ги контролираме случувањата на теренот.
Завршните 10 минути од првиот дел минаа во знак на нашите ракометари и на полувреме заминавме со 14:10, па оттука почна да станува јасно дека Македонија го чекира пласманот во втората фаза на мундијлот.
Лазаров на паузата сигурно поделил повеќе совети се посериозна и позрела игра против големиот аутсајдер, по што брзо стигнавме до плус девет и го решивме прашањето околу победникот.
На крајот, Македонија славеше со 29:20 и на рутински начин ја совлада африканската селекција, а со тоа автоматски се пласираше во втората рунда натпревари на Светското првенство, каде не чекаат уште три натпревари, оние со Австрија, Катар и Франција.
Капитенот Кузмановски со 12 погодоци беше најдобар поединец и заслужено беше избран за играч на мечот, додека по четири постигнаа Атанасијевиќ и Костески.
-
НБА7 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони24 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија8 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија23 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија9 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија7 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија22 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Лига на шампиони9 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)