Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја прегази Турција и остана во игра за медал од Медитеранските Игри

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија славеше убедлива победа против Турција со 31:22 во последниот натпревар од групната фаза на Медитеранските игри во Оран.

Избраниците на Кире Лазаров беа одлични во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата која и тоа како не остава во игра за пласман во полуфиналето.

Посебно бевме моќни во вториот дел кога нашите репрезентативци постојано ја зголемуваа предноста која на крај достигна девет погодоци.

Најефикасен во нашиот табор беше Петровски со 11 постигнати голови, додека по четири постигнаа Ѓорѓев и Петар Атанасијевиќ.

За пласман во полуфиналето, потребно е репрезентацијата на Шпанија да слави против Алжир во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни