Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја победи и Грција и со перфектен скор ќе го чека противникот за баражот за СП

Објавено

на

Најдобрите македонски ракометарки ја победија и Грција (20:19) во квалификациската група и со перфектен учинок изборија место за баражот, кој ќе биде последна пречка во обидот да се стигне до пласман на Светското првенство во Шпанија.

По почетните минути во кои ниту една од двете репрезентации не успеа да направи предност, Грција влезе во серија во вториот дел од првото полувреме, дојде до предност од 13:8, но Македонија возврати со два погодока за минус три на паузата (10:13).

Нашата репрезентација подобро го започна продолжението, па брзо стигна до 15:15, а потоа и дојде до водство, кое беше највисоко изразено со 19:17 и 20:18.

Грција во 59. минута намали на минус еден, а во завршните секунди имаше и обид да израмни, но обидот од крило беше одбранет, па македонската репрезентација ја оствари и третата победа на турнирот во Скопје.

Сара Ристовска го заврши натпреварот со 10 голови или половина од постигнатите на нашата репрезентација на цел натпревар, а по 2 постигнаа Георгиевска, Боризовска и Стојановска.

Со освоено прво место, девојките сега ќе ја очекуваат утрешната ждрепка за баражот, по кој ќе бидат одредени уште десет патници на мундијалот кој ќе се одржи во декември.

Директен пласман на СП, покрај домаќинот Шпанија обезбедија и Холандија, Норвешка, Франција, Хрватска и Данска. Бараж дуелите ќе се играат на 16/17 и 20/21 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни